Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, објави дека од утре ќе се воведе седумдневна блокада во најголемиот град Окленд, со два милиони жители, поради појава на еден случај на коронавирус од непознато потекло.

Остатокот од земјата ќе биде под режим на ограничувања од 2-та категорија, што, меѓу другото, забранува јавни собири, објави Ардерн.

Окленд веќе беше под тридневни итни ограничувачки мерки во средината на февруари, бидејќи присуството на британскиот вид коронавирус, кое се шири побрзо, беше потврдено во тричлено семејство.