Полицијата на Република Словачка на својот Фејсбук профил објави дека е во потрага по двајца од тројцата државјани на Македонија кои пред неколку дена во селото Водеради, Словачка, ограбиле поштари. Станува збор за Славчо (28), Кристијан (24) и Горан (42).
Tројцата се осомничени за грабеж, и се соочуваат со затворска казна од 7 до 12 години. Полицијата го уапсила Славчо, а е во потрага по Кристијан и Горан. Словачката полиција објави фотографии од разбојниците од Македонија и бара помош од граѓаните.
„Пред неколку дена во селото Водеради се случи грабеж што го извршија тројца граѓани на република Македонија – Славчо (28), Кристијан (24) и Горан (42). Славчо е веќе уапсен, а се бараат другите двајца, за што се објавени и нивни фотографии. Ако имате какви било информации за нив, јавете се на 158 или пишете ни во приватна порака на Фејсбук. Тие се соочуваат со казна затвор од 7 до 12 години.
Критичното утро Горан останал во автомобилот, а неговите двајца пријатели во заседа ги чекале поштарите. Во моментот кога ги забележале, разбојниците ги турнале, ги испрскале со спреј по очите и им се заканувале дека ќе употребат пушка. Ги зеле парите и заминале со автомобилот, но полицијата веќе ќе следела. Двајца од нив скокнале од возилото и успеале да избегаат. Горан продолжил да вози, а подоцна неговиот автомобил бил пронјаден од полицијата. Наредниот ден полицијата го уапсила Славчо.
Тим од некоколу членови на криминалната полиција го расчистувала грабежот. По документирањето на случајот, полицијата покрена обвиненија за злосторството“, пишува во Фејсбук објавата на полицијата на Република Словачка.