Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави дека април е неработен месец во цела Русија, но платите ќе се исплатат како да бил работен.
„Одлучив да го продолжам режимот на неработни денови до 30 април“, рече тој во телевизиската изјава, додавајќи дека „платите би се исплатиле“.
Мерката, која стапи во сила во Русија на 28 март, „ни дозволи да добиеме на време“, но „епидемијата сè уште не го достигнала врвот во светот, па така ниту во нашата земја“, истакна рускиот претседател.
Посочувајќи дека епидемијата има разновидни размери во делови на Русија, од кои некои сè уште се целосно незафатени, Путин рече дека провинциските гувернери можат да одлучат кои бизниси ќе работат и колкав степен на изолација ќе воведат за своите граѓани.
„До крајот на неделава (провинциските гувернери) мора да формираат посебен пакет превентивни мерки за нивните области, во здравството, безбедноста, економски и инфраструктурен план“, рече тој.