Пакистанската полиција уапси маж (28) во Џакобабад, под сомневање дека ја задушил својата сопруга (19) за време на нивната прва брачна ноќ.
Младоженецот по име Каландар Бакш Кокар го сторил тоа откако дознал дека неговата сопруга не била девица. Касади Лашари (19), сè уште била во нејзината венчаница кога нејзиниот сопруг одлучил да ја убие.
Семејството Лашари се посомневало, бидејќи нивната ќерка не им се јавила по свадбата, а Каландар не им отворал врата.
Потоа ја повикале полицијата, која се упатила во куќата каде што го нашла трупот на несреќната девојка.
Исто така, семејството на девојката ги обвинило и четирите браќа на младоженците за соучество во убиството. Mладоженецот е уапсен, а по испрашувањето, тој признал дека ја убил.