Од 3.740.000 вакцинации спроведени во Грција од почетокот на процесот на имунизација, речиси два и пол милиони граѓани се вакцинирани со првата доза, односни 23,7 отсто од населението, а над 1.245.000 се ревакцинирани, што е 12 отсто од популацијата, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина.
Во однос на старосните групи, тој објасни дека најголемо учество има кај граѓаните на возраст од 70 до 75 години, од кои вакцинирани најмалку со една доза се 73 отсто и достигнува до 80 проценти ако се земат предвид и закажаните термини.
Од здравствените работници, вакцинирани се 82 отсто од лекарите и 63 отсто од медицинските сестри и болничарите во државните болници и 88 проценти од докторите и 62 отсто од медицинските сестри и болничарите во приватните болници.