Грција денеска надмина 11 милиони аплицирани дози, над 5,8 милиони граѓани примиле барам една доза или 55,6 отсто од општото, односно 65 од возрасното населени, а над 5,5 милиони, односни 52,5 проценти од општото или 61,6 проценти од возрасното население е целосно имунизирано, соопшти попладнево генералниот секретар во Министерството за здравство Мариос Темистокелус на редовната прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на вакцинацијата по старосни групи, највисок е процентот на оние што се на возраст од 75 до 79 години, 84,4 отсто веќе имаат примено барем една доза.

Како што се намалува возраста, така се намалува и бројот на вакцинирани, а најнизок е процентот на оние од 18 до 24 години, односно најмалку една доза примиле 39,4 отсто.

Кај децата, вакцинирани се 11,1 отсто на возраст од 15 до 17 години и три проценти од 12 до 14 години.

Во однос на новите случаи на Ковид-19, Националната организација за јавно здравје денеска соопшти 2.218 новозаразени, починаа 13 лица, а 250 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.