Државата не знае колку ќе чини уништувањето на 300.000 дози на вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 кои се до крајот на февруари ќе бидат со поминат рок и треба да завршат како медицински отпад на депонијата „Дрисла“.
Идната недела се очекуваат 250.000 дози на „Фајзер“ донација од Италија, а 500.000 од мај до декември ќе се доставуваат преку директен договор на Владата со производителот. Од Министерството за здравство велат дека имале стратегија како да ги убедат граѓаните да се имунизираат.
Од таму велат дека во моментов има залиха на уште 113.300 дози до јуни и 63.000 чиј рок на траење е до јули
„Клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините е тоа што секоја држава па и нашата се обврзала на доверливост на склучените договори и примените информации. Сумите за набавка, времето на уплата, за вакцините против Ковид 19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзала да го почитува тоа“, наведуваат здравствените власти.
Во моментов Министерството за здравство располага со 447.070 дози на вакцини против КОВИД-19, производ на Фајзер, како и со одредени количини вакцини на Синофарм и Синовак, кои се користат за втора доза.