Цените на европскиот природен гас денеска паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци, бидејќи силните протоци низ норвешките цевководи и значителниот увоз на течен природен гас значително ја намалија сезонската побарувачка.

Според податоците од берзата TTF, цените на гасот во Европа во еден момент паднаа под 30,5 евра за мегават-час, што е најниска вредност од мај 2024 година. Благата и ветровита есен дополнително ја намали потрошувачката на гас, додека потоплото време во Кина овозможува дополнителни испораки на течен природен гас да стигнат до Европа, што придонесува за пад на пазарните цени, објавува „Трејдинг економикс“.

Европската унија увезе 101,38 милиони тони течен природен гас во првите 10 месеци од 2025 година, што е за 16,75 милиони тони повеќе од минатата година.

Стапката на зафатеност на капацитетите за складирање гас во Европа моментално е 82,61 процент, што е пониско од минатата година, но ситуацијата постепено се подобрува. Се очекува поплнетоста да се зголеми на околу 90 проценти оваа недела.