На светските пазари цената на нафтата се намали и минатата недела, трета по ред, и во целата 2018 година е за 20 остсто пониска. Тоа е последица на стравувањето на инвеститорите дека успорувањето на растот на најголемите економии ќе предизвика намалена побарувачка за енергенси.
На Лондонската берза цената на барел нафта минатата недела се намали за три отсто, на 52,20 долари додека на американскиот пазар барелот е поевтин за 0,5 отсто со цена од 45,30 долари.
Поради тоа, во однос на почетокот на годината цената на барел нафта е во минус околу 22 отсто на лондонскиот пазар, додека на американскиот речиси 26 отсто.
Во почетокот на октомври цената на нафтата имаше највисок „пик“ во изминатите четири години. Но во последните два месеца цената на нафтата се намали за околу 30 отсто и е на ниво најниско во изминатите 1,5 година бидејќи најголемите светски произведувачи зголемија производство за да надоместат иранска понуда на пазарите. Сепак, се покажа дека иранскиот извоз по американските санкции, не се намалил колку се очекувало.