Цените на нафтата нагло паднаа денес откако американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи својата закана за напад на иранската цивилна инфраструктура за две недели.
Тој го опиша потегот како „билатерално прекин на огнот“ што зависи од повторното отворање на Ормутскиот теснец од страна на Иран, објави „Трејдинг економикс“ (Trading Economics).
Суровата нафта Брент падна за повеќе од 12 проценти на околу 95 долари за барел, како и американската сурова нафта од Западен Тексас Интермедијар (WTI), која падна нешто под 16 проценти, пренесе „Танјуг“.




