Централна банка на Албанија ја олабави монетарната политика, намалувајќи ја основната каматна стапка за 0,25 процентни поени за првпат од март 2022 година, објавија албанските медиуми.
-Основната каматна стапка сега изнесува 3 отсто. Позитивните перформанси на економијата и падот на инфлацијата се главните причини за ваквата одлука. Достапните податоци сугерираат дека албанската економија продолжува да одржува позитивен тренд на развој, изјави Генц Сејко, гувернер.
Според него економската активност, вработеноста и платите продолжиле да растат во првите два квартали од годинава, инфлацијата е намалена, финансиските пазари се релативно мирни, додека кредитирањето забележало прогресивен раст.
-Овие случувања, генерално, беа во согласност со нашите очекувања. Сепак, падот на инфлацијата во вториот квартал беше релативно брз, диктиран од зголемувањето на понудата на прехранбени производи на регионалните и домашните пазари, додаде Сејко.
Минатиот месец инфлацијата изнесуваше 2,2 отсто од 2,1 отсто колку што беше во април, но е речиси двојно пониска од пред една година кога беше 4,7 отсто.
Според медиумите, споредено со земјите од регионот Албанија и понатаму има најниска стапка на инфлација.