Компанијата „ЈуТјуб“ објави дека на една недела го суспендира телевизискиот канал „Скај њуз Австралија“ (Sky News Australia) од својата платформа за размена на видео-снимки поради лажни информации за Ковид-19.

Имаме јасна политика за лажните информации за Ковид-19 за да спречиме ширење на лажни информации за корона вирусот, кои можат да нанесат штета на светот – се наведува во соопштението на ЈуТјуб.

„Скај њуз Австралија“ е во сопственост на медиумскиот могул Руперт Мардок, а на „ЈуТјуб“ има 1,86 претплатници. Телевизијата пред три дена на „ЈуТјуб“ објави колумна на автор кој се спротивставува на рестриктивните мерки и ги критикува властите за карантинот во Сиднеј.