Ова е ТВ колумна на Алан Џонс на Скај Њуз Австралија од пред една недела. Поентата му е дека земјата ја заклучуваат затоа што во Сиднеј од тестираните 80 000 лица откриени се 0,145 отсто позитивни на корона вирусот.

„И додека вие ја земата вашата дебела плата, луѓето се на колена“, вели Џонс обраќајки се на Гледис Береџиклијан, премиерка на Нов Јужен Велс.

Џонс е роден 1941 година, значи има 80 години. Не е човек кој не знае што зборува. Не мора да се согласувате со него, но во низата коментари, поентата му е дека луѓето страдаат поради малиот процент на заразени во Австралија.

Обидете се со 600 долари неделно, клку што им давате на луѓето, да платите кирија и сметки, се обрати Џонс до властите.

Но, пред неколку дена, кога имаше демонстрации на улиците, побара граѓаните да ги почитуваат наредбите, се согласувале со нив или не. Ако ви рекле да не излегувате, тогаш не излегувајте, рече Џонс.

Засега не е јасно од која причина и што тоа рекол во неговата последна колумна која му е забранета и дали тоа е конкретната причина поради која телевизијата е привремено забранета од Ју Туб заради наводни лажи информации заради пандемијата.

Но, оваа колумна од пред една недела пред забраната вреди да се погледа и чуе.