Со два гола на Марин Јурина во 68-ма и 85-та минута, екипата на Шкупи ја совлада Шкендија со 2:0 во првиот меч од осмото коло на првата македонска фудбалска лига.

Јунаци за навивачите на Шкупи се двојниот стрелец Јурина, кој е босански интернационалец, и новиот тренер Ќатип Османи, кој дојде токму од Шкендија, па ова е негова своевидна одмазда кон клубот кој го водеше до неодамна.

Шкендија својата најдобра шанса ја имаше во 25-та минута, кога Бесарт Ибраими не реализираше пенал. Во последните десетина минута, гостите останаа без Константин Чешмеџиев, кој доби црвен картон.

Со победата, Шкупи ја прескокна Шкендија и сега е третопласиран на табелата. Останатите мечеви од оваа прволигашка рунда се играат утре.