Ова е рецепт за чајна мешавина со која ќе се справите со хелико бактеријата. Кај ваквите смеси обично е проблем што некои треви, односно чајни билки кај нас не се наоѓаат, но сите сосстојки од овој рецепт се лесно достапни и ги има во нашите билни аптеки.
30 грама маточина Melissa officinalis
30 грама црн слез Malva sylvestris
20 грама нане Мentha x piperita
20 грама камилица Matricaria chamomilla
20 грама ајдучка трева Achillea millefolium
20 грама невен Calendula officinalis
10 грама обичен пелин Artemisia absinthium
Од оваа смеса, една супена лажица се попарува со два децилитра зовриена вода и се остава да отстои 30 минути. Чашата треба да биде покриена. Се пие во мали голтки, три пати на ден, а чајот секогаш треба да биде свежо приготвен.