Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу вели дека Турците немаат доверба во Европската унија поради „двојни стандарди и лицемерие“ и за интеграцијата на Анкара.
– Во очите на нашата јавност ЕУ е недоверлив партнер, изјави Чавушоглу на заедничка прес конференција со највисоки лица од ЕУ во Анкара, реферирајќи за застојот на преговорите за членсгтво.
– Договоривме отворање пет поглавја со согласност на сите членки на ЕУ и веднаш по тоа се носи одлука со Турција да не се отвора ниту едно поглавје. Нема разумно објаснување за тоа, додаде тој.
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан рече дека ставот на ЕУ е „многу добро познат…и засега нема отворање нови поглавја“.
– Целта на Турција е полноправно членство во Унијата, но е соочена со политички пречки, додае Чавушоглу.
– ЕУ мора да ја отвори вратата што ја заклучи, нагласи Чавушоглу.