Чавушоглу не и ги простува Ѓуленистите на Албанија, Тирана тврди дека ги испорачува

/ 12.02.2020

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на властите во Тирана јасно им порача дека неговата земја очекува да и ги испорачаат приврзаниците на движењето на Фетулах Ѓулен.

-Албанија е загрозена од членовите на ФЕТО, па мора да ни ги вратите назад во Турција, рече Чавушоглу.

Токму на ова барање на турскиот прв дипломат, албанските медуми ставија посебен акцент.

„Чавушоглу пособено истакна дека Албанија работи добро на предавањето на турските Ѓуленисти, како што се случи на новогодишната ноќ, но сè уште има многу членови на „ФЕТО“ (како што во Турција се нарекува движењето на Ѓулен) низ цела Албанија, наведува Топ чанел.

Чавушоглу посочил дека очекува поголема поддршка и активност на албанската – братска страна и додал дека во некои земји „ФЕТО“ е „организација која е контролирана од тајните служби на некои земји“.

-Ќе бидеме поактивни и очекуваме поддршка од албанската страна, со многу тесна соработка со една земја – брат, како Албанија. ФЕТО не е закана само за Турција, туку и за земјите во кои се наоѓа, тие треба да бидат свесни дека ФЕТО во некои земји е организација која е контролирана од тајните служби на некои земји. Им објаснивме на нашите браќа Рама и Цакај за тоа каква закана е ФЕТО за Албанија – изјави Чавушоглу,кој денеска прстојуваше во посета на Албанија.

Тој истакна дека немаат точна бројка на ѓуленисти кои се во Албанија, но нагласи дека ги има стотици и оти Турција не сака Албанија да биде нивно засолниште.

Весникот „Која јон“ за скандал го смета одговорот на овластениот мистер за Европа и надворешни работи Гент Цакај, кој,според истиот извор рекол дека ќе ги исполнат сите барања.

„Скандал беше одговорот на министер Гент Цакај, кој веднаш по ова барање на турскиот министер, наместо да одговори или да се спротивстави или да даде дипломатски одговор, рече дека ќе ги исполниме сите барања на турскиот министер, наведува весникот.

Екстрадицијата на ѓуленистот, турски учител, во Албанија на полноќ на новогодишната ноќ во Турција предизвика голема реакција во социјалните мрежи, но и во политиката.

Медиумите пренесоа дека „албанската полиција на 31 декември 2019 годна спровела процедура за депортација на турскиот државјанин Харун Челик од Албанија, веднаш штом ја издржал казната што ја добил во Тирана поради поседување фалсфикувани докумени. Но, тогаш се покажа дека тој побарал политички азил во Албанија што не му бил одобрен и властите веднаш го предале на турските тајни служби“.


Од истата категорија