Претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин, ја поддржа одлуката за продолжување на сезоната во Бундеслигата.

Управата на германската фудбалска лига реши да ги продолжи натпреварите на 16 мај, а првенството да заврши на 30 јуни.

– Оваа одлука е донесена како резултат на конструктивен дијалог и внимателно планирање помеѓу фудбалските власти и политичарите. Добро е што германските власти се согласија да ја продолжат сезоната во Бундеслигата. Верувам дека ова е одличен и позитивен чекор кон тоа луѓето да се вратат во нивниот нормален живот. Им посакувам на сите учесници голем успех, изјави тој, цитиран од „goal“.