Челзи е светски првак, по 120 минути го совлада Палмеирас со 2:1

/ 12.02.2022

Фудбалерите на Челзи за прв пат во историјата се светски клупски шампиони. „Сините“ во финалето на Светското клупско првенство кое се играше во Абу Даби, го совладаа јужноамериканскиот шампион Палмеирас со 2:1 и тоа по продолженијата регуларниот дел заврши 1:1.

Херој е Каи Хаверц кој со голот од пенал во 117 минута на Челси му го донесе единствениот трофеј што му недостасуваше.

Во првото полувреме фудбалерите на Челси има поголем посед на топката, дури 70 отсто, но не успеаја да направат сериозна шанса за гол.

Тоа им успеа во 55. минута кога по центаршутот на Калум Хадсон-Одои навистинското место се најде Ромелу Лукаку на кого не му беше тешко да погоди за 1:0.

Но, шест минути подоцна, Тијаго Силва играше со рака во сопствениот шеснаесетник по што Веига од
пенал погоди за Палмеирас и за израмнување на резулатот.

До крајот на регуларниот дел, Челзи беше подобар тим, но не успеа да постигне гол. Слична беше ситуацијата и во продолженијата, Челси ја контролираше топката, додека Палмеирас преку контранапади се закануваше кон голот на Менди.

Така беше се до 117. минута кога по шутот на Аспиликуета, еден од играчите на бразилскиот тим играше со рака и по прегледувањето на ВАР снимката, судијата покажа на белата точка. Каи Хаверц ја презеде одговорноста и со прецизен шут му донесе триумф на Челзи.


Од истата категорија