Премиерлигашот Челзи го победи Атлетико Мадрид со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Под водство на тренерот Томас Тухел, сините од Лондон примија само два гола на осум натпревари.
Ова е втор најдобар резултат во историјата на клубот.
Подобар биланс на стартот по доаѓањето во клубот покажа единствено Жозе Мурињо. Со Португалецот на тренерското место, Челзи прими само еден гол на првите осум натпревари во сезоната 2004/05.