Финалистот во Лигата на шампиони (ЛШ) Челзи и врати на УЕФА повеќе од 800 непродадени билети за саботното финале во елитното клупско натпреварување против Манчестер сити во Порто, јавија денеска англиските медиуми.

Според медиумите, Челзи од УЕФА добил вкупно 5.800 билети за финалниот натпревар и имало голема побарувачка за 2.800 влезници, кои се продавале за пат во Порто во сопствен аранжман. Непродадените билети се дел од чартер пакет, што вклучувал субвенционирани авионски билети по цена од 200 фунти.

На трибините на стадионот „Драгао“ со капацитет од 50.000 седиште ќе има максимум 16.5000 гледачи на саботното финале, а УЕФА беше критикувана поради високите цени на влезниците, кои се движат од 70 до 400 евра.