Францускиот напаѓач на Челси, Оливие Жиру е подготвен да продолжи да го носи дресот на „сините“ и по оваа сезона, по серијата дуели во кои тој неодамна започна како стартер.

Жиру беше пред напуштање на „Стемфорд Бриџ“ за време на зимскиот преоден рок, откако неговото време на теренот беше строго ограничено во првата половина на сезоната. Затоа, за време на минатиот трансфер прозорец, напаѓачот беше близу до преминување во Интер.

Но, сега, очигледно, мислењето на Французинот се смени. По повредата на Тами Абрахам, тој ги започна последните 4 средби за „сините“, во кои постигна еден гол.

Според англискиот весник „Дејли мејл“, ова предизвика играчот да ги преиспита своите намери и да посака да потпише нов договор.