-Овој ден 1893 година е една црвена нитка која ги поврзува сите национално ослободителни движења се до 2 август 1944 година. Без овој датум немаше да се случат ниту другите настани кој што доведоа до формирање на македонската држава, истакна проф. д-р Тодор Чепреганов на денешниот научен симпозиум 129 години ВМРО „Борба за Македонија која трае“.
Тој во текот на своето обраќање укажа дека Британците веднаш излегле со став дека македонската револуционерна организација, нејзина изворна идеја е независно на цела Македонија базирана на еднакви права и однос кон сите нејзини жители без разлика на раса.
-Веднаш по формирањето на организацијата ние збориме дека таа се борела за автономна Македонија, но Британците веднаш излегле со став дека тие македонската револуционерна организација, нејзина изворна идеја е независно на цела Македонија базирана на еднакви права и однос кон сите нејзини жители без разлика на раса. Британците уште на стартот ја дефинирале организацијата онака како што за таа се бори. Она што е интересно е што Британците во тие сите историски контексти не дозволуваат формирање на самостојна македонска држава, тие сметаа дека македонското прашање ќе биде решено со асимилирање и денационализација на државите во кој што се наоѓа македонскиот народ во Бугарија, Грција, Србија, дека тие ќе бидат денационализирани со тек на време и се држат на тој став некаде 38-39 година има еден документ во кој што тие велат добро е во Југославија, уште малку остана, Македонците ќе станат Срби нема никаква потреба да реагираме. Она кое што претставува пресвртница во однос на британската политика е 43 година, до 43 година Македонците воопшто не споменуваат во ниту еден договор меѓу големите тројца Черчил, Рузвелт и Сталин, за нив македонското прашање е решено во рамките на југословенско-грчката федерација. Бидејќи мигрантските влади на земјите кои што беа окупирани се наоѓаат во Лондон, 41 година се прават договори за југословенско-грчка федерација и во тие разговори Македонија не се споменува. Договорот е склучен јануари 41 година со цел да влезат и други балкански држави и со тоа прашањето за нив е завршено. Но 43 година настанува шок кога дознаваат, кога Британските мисии кои што се наоѓаат во Албанија известуваат дека на територијата на Македонија постојат партизански одреди кои што се борат за македонска држава и на ова Британците веднаш реагираат и бара да му се испрати Меморандум што е тоа македонското прашање, за што се работи. По сите анализи кои што се направени заклучок е никако македонско обединета држава, може Македонија само во рамките на југословенската федерација и никако југословенско-бугарска федерација. Ова го направиле затоа што стравот од словенска држава која што ќе ги загрози грчките интереси е многу голем и затоа тие застануваат на тој став, истакна Чепреганов.
Чепреганов посочи дека стравот од обединета македонска држава е многу голем и затоа на првото заседание на АСНОМ присуствуваат британски и американски претставници и ја известуваат централата дека Македонците се борат за обединување.
-Стравот од обединета македонска држава е многу голем и затоа на првото заседание на АСНОМ присуствуваат британски и американски претставници и ја известуваат централата дека Македонците се борат за обединување затоа што таму во говорот Панко Брашнаров и Ченто зборуваат за обединета Македонија и Македонија така почнува да живее 44 година по 2 август до крајот на декември 44 година, значи живее независна држава, дури има склучување на договори соседните држави, разговори на билатерална основа, кажа тој.
На крај професорот Чепреганов порача:
-Дојдено е време за обединување и заедничко дејствување на сите политички државни чинители во Македонија.