Змискиот остров во Црното Море останува под контрола на флотата и воздухопловните сили на Русија, изјави за Спутник пратеникот на Државната дума на Русија од Крим, Алексеј Черњак.
– Нашите борци од силите за специјални операции на вооружените сили на Русија го ослободија Змискиот остров од украинските екстремисти, одбија неколку напади, обиди за симнување на украински војници, соборија значителен број авиони и беспилотни летала. Понатаму островот останува под контрола на нашите ракети, флота и воздушни и вселенски сили, рече Черњак.
Според него, откако западните земји и предале топовска и ракетна артилерија на Украина, била спроведена успешна операција на повлекување од островот со цел да се спасат животите на армијата.
– Тактиките за време на борбените операции можат да бидат различни. „За време на воената операција, Русија, пред сè, размислува да ги спаси животите на својата армија, рече пратеникот од руската Дума.
Освен тоа, како што додава, сега никој во светот нема да може да ја обвини Русија дека вештачки предизвикува глад со блокирање на излезот на бродовите од украинските пристаништа.
Претходно денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи „голема стратешка победа со заземањето на Змискиот Остров“.
– Протерувањето на Русите од Змискиот Остров претставува стратешка победа што значително го ограничува дејствувањето на окупаторот, изјави Зеленски.