Од утре се забрануваат патувањата на чешките државјани во неколку африкански и јужноамерикански земји, каде што постои голем ризик од новите, позаразни мутации на коронавирусот, соопшти чешката Влада, пренесоа британските медиуми.

Чешкото Министерство за здравство вчера соопшти дека забраната за патувања ќе стапи во сила на 26 февруари и ќе важи до 11 април, со некои исклучоци, како и дека важи за земјите како што се Боцвана, Бразил, Јужна Африка, Кенија, Малави, Танзанија и други.

Во обидот да го забави ширењето на вирусот, што изврши голем притисок врз болниците во земјата, чешките власти во моментов разгледуваат други поостри мерки во борбата против пандемијата, пренесуваат британските медиуми.