Чешкиот претседател Милош Земан имаше операција по падот во кој ја скрши раката и е во стабилна состојба, изјави денеска неговиот портпарол Јиржи Овчачек.
Земан (95) беше хоспитализиран доцна синоќа поради повреди.
Тој паднал во неговата резиденција додека одел без бастун, што обично го користи.
– Претседателот сега е на стандардна постоперативна нега, рече Овчачек.
Земан страда од невролошки компликации во ногата и обично оди со помош на бастун или телохранител.