Чешката неонацистичка група Чесни луѓе ја прекина во саботата „контроверзната претстава“ на Словенско младинско гледалишче „Наше насилство, ваше насилство“. Претсавата како што пренесоа словенечки медиуми, се играла во Брно во рамки на меѓународниот театарски фестивал. По еден час прекин претствата продолжила одигрувајќи се до крај, иако имало многу негодувања.
Околу 30 следбеници на неонацистичката група влегле во холот на театарот и се обиделе претставата да ја спречат. Полицијата отсранила повеќе од лицата кои биле облечени во сини маички, а по еден час претствата на Оливер Фрлиќ продолжила.
Претставници на групата Чесни луѓе, кои чешката полиција ги опишува како есктремни, за медиумите објасниле дека перформансот „бил повеќе порнографија, отколку театар. Ги искинавме билетите и им ги фрливме на артистите. Иако сакавме да видиме каква е претставата, по десет минути се покажа дека е неподносливо да се гледа и тргнавме кон сцената“, се вели во реакцијата на групата.
И неколку помали христијанси групи протестирале пред театарот. Медиумите пренесуваат дека некои од гледачите клекнале и се молеле, а за време на сцената додека муслиманка го слави Исус, се слушнало:Не се плашете од господ Исус Христос!“
За оваа претстава претставник на црквата, како и комунистички советници во Брно побарале таа да биде повлечена, но организаторите на фестивалот одбиле тоа да го сторат.