Чешкиот милијардер и сопственик на изданијата „Елле“, „Мариане“, Даниел Кретински, ќе му позајми 14 милиони евра на „Либерасион“ за да го гарантира „финансирање на весникот се до враќањето во буџетска рамнотежа“ во 2026 година, јави дописникот на МИА.
Кретински покрај овој заем преку својата фондација донира еден милион евра на „Ендоумент фонд фор индипендант прес (Endowment Fund for an Independent Press), кој е мнозински акционер на „Индипендент прес“ (Independent Press).
Заемот платен во форма на обврзници треба да овозможи покривање на загубите на весникот, и покрај силниот раст на неговата продажба, притоа зачувувајќи ја својата „независност“.
Според бројките „Либерасион“ продавал повеќе од 93.000 примероци дневно во периодот 2021-2022 година, што претставува зголемување од 11,14 проиценти во споредба со 2020-2021 година. Во 2021 година, прометот достигна 31,5 милиони евра, што е за 10 отсто повеќе во споредба со претходната година, а оперативните загуби се намалени на 7,9 милиони наспроти 12,3 милиони во 2020 година.