Чешкиот претседател Милош Земан е примен во болница во Прага, пренесуваат чешките медиуми.
Земан (77) неодамна го откажа телевизиското интервју во живо поради здравствени проблеми.
Mинатиот месец беше примен во болница осум дена, а неговиот Кабинет соопшти дека страда од дехидрација и блага исцрпеност. Претходно оваа година, тој почна да користи инвалидска количка поради болки во нозете.