Претседателот на Чешка Милош Земан ќе биде хоспитализиран неколку дена за да „ја врати кондицијата“, изјави денеска портпаролот на Претседателството, Жири Овчачек.
Тој рече дека Земан, кој има 75 години и е страстен пушач, ќе биде примен во Воената болница во Прага и дека ќе биде отпуштен во недела.
Земан во последно време има проблеми со одењето, дијабетес и невропатија.