Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши упати честитка до српската заедница во земјава по повод Денот на Свети Сава.

Во честитката стои дека во името на законодавниот дом и во духот на почитувањето, тој упатува честитка до спрската заедница нагласувајќи дека овој ден треба да биде потсетник за меѓусебното почитување, дијалогот и соживотот во нашето мултиетничко општество.

– Во име на Собранието на Република … Македонија, во духот на почитувањето на правата и различностите, упатувам честитки до српската заедница во РСМ по повод Денот на Свети Сава. Нека овој ден биде потсетник за важноста на меѓусебното почитување, дијалогот и соживотот во нашето мултиетничко општество. Само врз основа на овие вредности може да се обезбеди демократското функционирање на државата и соживотот на граѓаните, стои во честитката