Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер упати честитка по повод Денот на независноста на земјава – 8 Септември.

Во видео обраќањето кое го објави Амбасадата на САД во Скопје, Агелер вели „на овој посебен ден се придружуваме на … Македонија и на сите вас во прославата на вашата независност и вашите динамични и разновидни заедници“.

– Како и нашата независност, вашата беше тешко здобиена, со безброј жртви направени од оние кои верувале во моќта на слободата и демократијата. Денес и секогаш, ја почитуваме вашата историја, вашата сегашност и светла иднина, рече Агелер.