На денот кога ја одбележуваме 33-годишнината од независноста на нашата заедничка Република … Македонија, Коалицијата ВЛЕН им упатува честитки на сите граѓани. Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет.
И по 33 години од независноста и 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за жал, сè уште отвораме прашања за употребата на мајчиниот јазик на Албанците, што во 21 век е цивилизациски дострел и демократска придобивка која не смее да се оспорува.
Нашата генерација има историска должност да се справи со ендемичната политичка корупција и да преземе решителни чекори кон реформи кои ќе ги
вратат капацитетите на уништените државни институции.
Само преку транспарентност, одговорност и посветеност кон заедничкото добро, ќе можеме да обезбедиме иднина што ќе биде светла за сите наши
граѓани, без разлика на етничката припадност.
На овој важен ден, Коалицијата ВЛЕН ги повикува сите граѓани и политички чинители да го негуваат духот на единство, толеранција и соработка. Само
така ќе продолжиме да го градиме општеството што го заслужуваме – општество на еднакви права, можности и стабилност.
Нека ни е честит 8-ми септември, Денот на независноста на Република … Македонија!