Премиерот во заминување Зоран Заев ја честита Новата година на сите граѓани во објава со фотографии од неговото семејство.

– Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици, напиша Заев на Фејсбук.

Порачува Новата година да секој да ја дочека со љубов и ентузијазам.

– Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам, напиша премиерот Заев.