Четири брода натоварени со жито во согласност со истанбулскиот договор за извор на жито, испловија од украинските пристаништа, соопшти Министерството за одбрана на Турција.
Агенцијата Анадолија пренесува дека во соопштението не е наведена дестинацијата на бродовите, но кажано е дека испораката од украинските пристаништа се одвива според планираниот тек.
Турција, Обединетите нации, Русија и Украина во јули постигнаа договор за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море, што беше запрен поради руско-украинската војна која започна во февруари.
Страните преговараат за можно проширување на договорот, кој истекува на 19 ноември, да го опфати и руското жито и ѓубриво.
Во Истанбул е оформен и Центар за заедничка координација, составен од експерти од трите страни, кои го надгледуваат имплементирањето на договорот.
Од 1 август досега, од Украина испловија 365 бродови со повеќе од 8 милиони тони житарки, потсетува Анадолија.