Четири лица загинаа во експлозијата што се случи денеска во пристаништето Шахид Раџаи на југот на Иран, соопшти организацијата за спасување на Иран.
Иранската телевизија објави дека најмалку 516 лица се повредени и дека стотици се однесени во медицински центри по експлозијата што се случи во близина на големиот град Бандар Абас на Ормутскиот теснец.
Властите не соопштија за причината за експлозијата, но се претпоставува дека експлодирал запалив материјал во пристаништето.
Во Иран се случуваат индустриски несреќи, особено во нафтените постројки кои се под меѓународни санкции.
Сепак, иранската државна телевизија ја отфрли можноста дека експлозијата предизвикала или била оштетена која било енергетска инфраструктура.
Пристаништето Шахид Раџаи, каде што се случи несреќата, е важно трговско пристаниште во Иран и се наоѓа повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран, во близина на големиот пристанишен град Бандар Абас.
Во 2020 година компјутерската мрежа на пристаништето Шахид Раџаи беше мета на хакерски напад, што предизвика хаос во доставите.