Четири девојки одлучиле да прошетаат по стариот железнички мост и да направат селфи фотографија.

Следниот момент се случила вистинска катастрофа, мостот пропаднал и тие паднале од висина од 30 метри.

Девојките од Бразил на возраст од 15, 22 и 26 години претрпеле повеќекратни скршеници на нозете, а на едната ѝ е скршено и стапалото.

Како што се наведува во извештаите, стариот железнички мост се срушил додека девојките се обидувале да се фотографираат.

Локалните медиуми објавиле нивна фотографија која настанала непосредно пред катастрофата.

На неа се гледаат три девојки кои позираат на врвот од неупотреблив железнички мост и четвртата која ја држи камерата и го забележува моментот со фотографија.