Во Прилеп денеска се регистрирани четири нови случаи на лица заболени од Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во Општината изнесува 89.

На Инфективното одделение во прилепската болница моментално се хоспитализирани 14 лица, позитивни на коронавирусот. Тројца од нив во текот на денот ќе бидат испратени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, другите 11 пациенти се со средна клиничка слика. Двајца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се наоѓаат 373 лица и во изминативе 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.

Во текот на претходното деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час и ќе му биде поднесена соодветна пријава.