Од денеска согласно постоечките законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада, повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во МВР, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада.

Како што соопштија од МВР, на раководни позиции се враќаат Тони Јакимовски, началник на СВР Скопје во Бирото за јавна безбедност,  Сашо Смилески началник на СВР Охрид во БЈБ, Марјан Коцев, началник на СВР Штип во БЈБ, Славко Јовановски началник на СВР Битола во БЈБ, Игор Каравилоски началник на одделение за внатрешни работи Прилеп во СВР Битола во БЈБ, како и Злате Јаневски началник на СВР Велес во БЈБ и Танчо Пројковски началник на СВР Струмица во БЈБ.

Во соопштението од МВР се наведува дека на старите раководни функции се враќаат и Стојанче Величковиќ началник на СВР Куманово во БЈБ, Дејан Андонов помошник на министерот на Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди,потоа Бранко Трајановски началник на Оддел за специјални полициски операции во БЈБ, Митко Даневски командант на Единица за специјални операции во БЈБ, Лазо Велковски началник на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, како и Примислав Димовски началник на Единица за интервентна полиција во СВР Скопје во БЈБ и Марјан Здравковски помошник на минситер за Оддел за информатика и телекомуникации.