Иако шпанскиот фудбалски четвртолигаш Толедо загуби дома со 4:1 од Пуертолан, главниот настан се случи по натпреварот.
Напаѓачот Рубен Морено, пред сите присутни на теренот, беше запросен од неговата девојка Клаудија. Таа клекна на тревата пред него и му го покажа прстенот.
Морено тогаш не можеше да ги задржи солзите, но сепак рече „да“.
Тие двајца имаат и син, кој бил сведок на предлогот.