Д-р Андон ЧИБИШЕВ

Во серија неколку погрешни и неразбирливи одлуки на надлежните институции во последните два дена. Се намалуваат деновите за изолација кај болни од ковид 19, различно кај оние кои имаат и оние кои немаат симптоми. По автоматизам се избришани од регистерот за изолација пациенти кои се уште имаат симптоми и такви кои се сомнителни дека развиваат пост-ковид компликации. Сите тие според препораката на инситуциите треба да се вратат на работните места.

Втора одлука за која има многу различни мислења во јавноста е тоа дали учениците од 1 фебруари да се вратат во училишните клупи со физичко присуство. Многубројни компетентни граѓани и невладини институции беа против ваквата одлука на Владата и сугерираа или да се продолжи распустот за две недели или наставата да се спроведува од далечина.

Ништо од ова не е прифатено, конечно учениците од 1 фебруари ќе се вратат во училишните клупи.

Образложението е дека ситуацијата е под контрола, бројот на новозаразени и починати се намалува.

Какво потценување на мислењето на јавноста. Епидемиолошката состојба е очајна, бројките се загрижувачки.

Живееме во епидемиолошка трагедија, бришеме од изолација пациенти кои уште не се опоравени, децата ги враќаме во улилиштата, отвораме дополнителни ковид центри, а тврдиме дека ситуацијата е под контрола.
Повторно затајува институционалната сериозност,одговорност и прагматичност.
Господ нека ни е на помош!