ЧИБИШЕВ: Од една страна велат ќе има комбинирана настава, од друга министерот вели дека неговото дете ќе учи он лајн

/ 04.09.2020

Многу поодамна требаше да се разговара кога ќе стартува учебната година и како ќе се одвива. Требаше да има тело од експерти ко лица кои ја знаат техниката на предавањата. на пример онлајн наставата не може да се замени со настава со физичко присуство. Сепак можеа да се создадат оптимилани услови и се да биде организирано, и за најмалите и за средношколците, како и за студентите, рече рече доктор Андон Чибишев на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Што не е јасно.

Многу е тешко, вели тој да се работи во училишта во кои нема санитарни чворови, нема соодветни услови за хигиена.

-Кога ќе се напрвеше мапирање што може да оди онлајн, што треба да биде со физичко присуство ќе имавме сега многу појасна слика. Ние на 20 авгист немавме претстава како ќе се одвива наставата, можеби е така поради изборите, но знаеве каква е ситуацијата и надлежните требаше да работат. А што се случи изборна кампања, па славење, па одмори, па пазарење и никој не се грижеше за ситуацијата и затоа толку се доцни

Еве, вели доктор Чибишев, сега како и да исчезна таа Комисија за заразни болести. не е ногу активна со мислења за старт на учебната година.

-Ние од мај наваму речиси секој ден имаме трицифрени бројки на заразени. И не само тоа ако се гледа број на заразени, број на починати ние водиме, ние станавме најнесигурна земја не само во регионот, туку и пошироко, вели Чибишев.

Тој укажува дека има крајно некознистентна политика за враќање во училишните клупи на учениците.

-Од една страна велат ќе има комбинирана настава, а министерот за здравство вели моето дете ќе следи онлајн. Што значи тоа не е сигурно за децата да се вратат во училишните клупи, праша Чибишев.

Во однос на инвестициите во здравството, тој вели:

„Кречењето на јавните здравствени установи не е инвестиција, инвестиција е да се купи нов апарат за работа со нови методи и слично“.

Според него се лаже дека имало реновирања исто како што се лаже дека основната плата е 100 илјади денари.

-Јас мојата плата не ја кријам. Јас работам како специјалист и мојата плата за 35 часовна рабоа на клиника е 77 илјади плус 7 илјади од високобразовна институција. Тоа е плата на еден редовен професор со толкаво искуство и како доктор, рече Чибишев.

Како што укажа докторот, тоа што некој достигнува плата до 100 илјади со 4-5 дежурства, тоа не е плата.

-СДСМ ветуваше основна плата од 100 илјади денари плата. Тоа не е вистина, толкава оссновна плата нема, рече Чибишев.


Од истата категорија