Директорот на Клиника за токсикологија, Андон Чибишев денес со македонската јавност сподели убави вести – хоспитализираните во таа клиника, по ужасниот пожар во Кочани, се пуштени дома и се во добра здравствена состојба.

-На Клиниката за токсикологија имаше двајца пациенти кои иницијално беа примени уште првиот или вториот ден по трагедијата во Кочани. Беа стабилни, но уште не бевме до крај задоволни од референтноста на иследувањата кои во меѓувреме ги правевме. Вчера вечер дојдоа кај нас четири пациенти кои се вратија од Шпанија. Веднаш беа опсервирани на клиника сите четворица беа прегледани од токсиколог, конзилијарен анестезиолог и конзилијарен психијатар. Сите добија нешто терапија. Денес на визита повторно ги видовме, во меѓувреме земавме токсиколошки и лабораториски анализи. Сите наоди се во референтни вредности. Пациентите се со стабилни клинички параметри и денес тие 4 од Шпанија и двајцата кои ги примивме во почетокот, ги испишавме на огромно наше задоволство, сите се дома во одлична состојба, рече Чибишев.

Деновиве се очекува уште неколку пациенти кои се лекуваа во странство да бидат вратени во Македонија. По детални анализи и околу 24-часовен престој на скопската клиника, ако се во добра состојба, ќе бидат испратени дома.