Неколку членови на една ,,прогресивна“ партија од нашата политичка сцена, денеска на еден од најголемите празници во Македонија стоеја пред историско споменично обележје во Прилеп и физички го попречуваа пристапот до споменикот на делегациите кои дојдоа да им оддадат почит на великаните. Замислете, сите ги заобиколуваа, онака дисциплинирано, без никкава реакција.
Меѓу нив претседателот на државата, премиерот, преживеани борци од НОБ, партиски делегации, непартиски здруженија и многу други.
Тоа што никој не се обиде да воспостави ред и да ги замоли ,,хероите“ да го напуштат платото пред споменикот кажува многу.
Да беше некој друг, на пример некој од Вевчани, ќе имаше тепање и специјални едници од полицијата.
Прочитани сте другари, прозирни сте!
Ова е реакцијата на д-р Андон Чибишев по повод т.н инцидент што денеска се случи при положувањето цвеќе во Прилеп од страна на Заев и Пендаровски, кога активисти на Левица го блокираа пристапот до споменикот.
Настанот доби неочекувано големо медиско внимание. Медиумите блиски до СДСМ го квалификуваа како провокација на Левица, а медиумите кои се опозиционо настроени го издвоија моментот кога Заев на еден од активистите му вели да оди на психијатар.
Така добивме судар меѓу СДСМ и Левица, при што првите се во улога на жртва, а вторите се „храбрите“ бранители на Македонија.
На прв поглед така и изгледа. Но, неочекувано мирната реакција на обезбедувањето на државниот врв, всушност посочува токму на тоа што го пишува Чибишев. Не дека некој вели дека требаше луѓето да бидат истепани, но кој може да гарантира дека тие што го попречија патото на Заев и Пендаровски, навистина се мирни и ненасилни активисти? Кој гарантира дека во некој таква група некому нема да му падне на памет да се обиде да изврши атентат врз член на државниот врв?
Токму затоа постои обезбедување. Никому начелото не му пишува дали е мирен или не. Ако ништо друго, мирно се обезбедува патот. Се друго е театар.