Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин отпушти стотици членови на 42 советодавни одбори во Пентагон, вклучително и контроверзни доцни назначувања од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп. Тоа се случува откако Пентагон најави проверки на членството во одборите, јави Си-Ен-Ен.

Претходната администрација назначи неколку лојални лица, вклучително и поранешниот менаџер на кампањата на Трамп, Кори Левандовски и Дејвид Боси, кој беше негов заменик-раководител.

Тоа го изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

„Волстрит џурнал“ прв ја објави одлуката на Остин.

Сегашните членови на кои им е речено да се повлечат се само оние назначени од Пентагон, а не оние назначени од Белата куќа или Конгресот. На пример, четири лица назначени од Пентагон во конгресен комитет за отстранување на имињата на конфедералните генерали од воените бази, ќе бидат отстранети, но останатите во тој состав назначен од Конгресот ќе останат.