Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји соопшти дека земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло за примена на ревидираната методологија за проширување за Србија и Црна Гора, откако двете земји ја прифатија.
– Целта е процесот да се направи поверодостоен, предвидлив, подинамичен, со посилно политичко управување, напиша Вархеји на Твитер.
Комитетот на постојани претставници – Корепер 2 денеска одржа состанок, а проширувањето беше една од темите на дневниот ред. Советот за општи работи, на кој министрите исто така ќе бидат информирани за процесот на проширување и стабилизација и пристапување кон ЕУ, е закажан за 11-ти мај, објави порталот Европски Западен Балкан (EWB).