Членките на Светската здравствена организација (СЗО) – 194, вклучувајќи ги САД и Кина усвоија резолуција за независна проценка на одговорот на агенцијата на ОН за пандемијата на новиот коронавирус.
Текстот беше усвоен со консензус и предвидува побрзо започнување на непристрасна, независна и целосна проценка на меѓународната акција иницирана поради пандемијата, со цел подобрување на глобалниот капацитет за превенција, подготовка и одговор на пандемија.
Таа проценка треба внимателно да ги испита мерките преземени од СЗО поради пандемијата на Ковид-19 и нивната хронологија.