На ФИНКИ оваа академска година се запишаа 1.062 студенти и тоа во услови кога бројот на матуранти во државата се намали на нешто околу 15.500. Денеска тука се една четвртина од студентите на најстариот и најдобиот Универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, истакна деканот на Факултетот за информатичи науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Иван Чорбев, на, како што рече, првиот академски час на најголемиот факултет во Југоисточна Европа.
Пред студентите, тој нагласи дека е убеден оти меѓу нив седат идни технолошки лидери, креатори на новите технолошки чуда на 21-от век со кои нашата земја утре ќе се гордее.
– Една од основните цели кои ги посакавме на ФИНКИ е да им овозможиме на нашите студенти да добијат реално знаење кое е употребливо директно во науката, но особено во индустријата и во општеството, рече Чорбев.
Тој наведе дека тимот на професори и асистенти на ФИНКИ е гарант дека студентите ќе имаат квалитетно и врно образовение.
– Факултетот постои за студентите. Целта која си ја поставивме, не е само да едуцираме извонредно добри кадри, кои без проблем ќе најдат работа во македонските и во светските Ај-Си-Ти компании. Наша цел е да едуцираме студенти кои ќе бидат храбри да започнат свој бизнис. истакна деканот на ФИНКИ.