По неколкучасoвно преговарање од страна на спасувачката екипа, акцијата за спасување на мажот кој сакаше да скокне од зграда во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје заврши успешно.
На терен имаше екипи од полицијата, Противпожарната единица и Брзата помош.
Преговорите траеја неколку часа, а пожарникарите и полицајците го убедија човекот да се откаже од намерите. Покрај зградата беше поставен и душек за спасување, а присутна беше и екипа на Брза помош.
Ова е втор сличен случај во Скопје спасувачките екипи да спречат самоубиство со скокање од зграда. Неодамна таков случај имаше во Карпош кога девојка сакаше да скокне од прозорец, но пожарникарите тоа го спречија.