Неколку стотици граѓани на Европската унија кои живеат во Велика Британија и Британци кои живеат во ЕУ денеска направија човечки синџир пред седиштето на Владата во Лондон, барајќи да им бидат гарантирани правата ако не се постигне договор помеѓу Лондон и Брисел за Брегзит.

Противниците на Брегзит направија човечки синџир, што се протегаше од британскиот Парламент до седиштето на владата. Учесниците на протестот предадоа писмо до властите со барање да се заштитат правата на државјаните од Европската унија без оглед на исходот од преговорите.

Европската комисија во меѓувреме, негираше медиумски извештаи според кои е близу договорот меѓу ЕУ и Британија.